ЈОУД Детска градинка "Бамби" - Чашка

Градинка, вториот дом на вашите деца

Детската градинка го унапредува раниот детски развој, ги поттикнува вештините за критичко и креативно мислење кај децата. Децата кои посетуваат градинка стануваат свесни за постоење на различности, причинско последични услови со што го зајакнуваат севкупниот процес на нивното рано учење. Децата најдобро учат кога активностите потекнуваат од нивното сопствено искуство и стекнуваат нови знаења и вештини кога ја истражуваат околината.

За нас

Јавна општинска установа за деца-детска градинка Бамби

Градинката е место каде децата имаат можност за воспитно- образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на когнитивниот, социоемоционалниот, физичкиот и моторниот развој, како и развој на јазикот, комуникацијата и описменување и пристап кон учење.

Интегрирана група
Едукативни активности
Здраво мени на исхрана
Прочитај повеке

Активности

Во нашата градинка сите активности се внимателно испланирани и одрани се со цел да им помогнат развојот на децата

Здравје и моторен развој
Доброто физичко здравје им дава на децата енергија и издржливост активно да учествуваат во процесот на учење.
Социо-емоционален развој
Децата го конструираат сопственото знаење за светот околу нив преку социјални интеракции.
Јазик, комуникација и творештво
Јазикот на децата им е потребен за да ги изразат своите мисли и чувства и да ги разберат другите лица со кои секојдневно комуницираат.
Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
Стимулацијата на когнитивниот развој е основа за успехот кој што децата ќе го постигнат во понатамошниот образовен процес.
Креирање стимулативна средина за игра и учење
Играта во центрите претставува таков вид на „учење“ кој им овозможува на децата да ги изразат своите идеи, мисли и ставови.
Пристап кон учењето
Децата треба да бидат мотивирани да ги користат претходно стекнатите знаења и вештини .

Мапа на еден ден

Дневни активности

Најчести прашања

Во горниот десен агол на менито, може да се симне пријавниот образец потребен за упис на детето во нашата градинка. Пополнетиот образец донесете го во просториите на нашата градинка. Уписот во градинка се врши преку целата година.

Соработката на детската градинка со родителите и квалитетната комуникација на релација воспитувач-родител е еден од основните фактори насочени кон обезбедување на правилен и оптимален развој и учење на детето. Во реализацијата на целите, содржините и активностите на оваа програма предвидени во рамките на секој аспект од развојот на детето треба да се обезбеди:
- Поттикнување на родителите за учество во креирањето на годишната програма за работа на детската градинка;
- Поттикнување на родителите за нивно активно вклучување во подготовката на воспитно-образовниот процес (договори за реализација на одредени теми, изработка на дидактички средства и материјали за реализација на воспитно-образовната активност и сл.)
- Поддршка на родителите за учество во реализација на дел од планираните содржини;
- Вклучување на родителите за учество во работилници во врска со различни поводи и празници;
Детската градинка како ресурсен центар е подготвена и отворена за едукација и поддршка на родителите.

Во Установата се реализира Програмата за рано учење и развој од 0-6 год. која опфаќа разни форми на поддршка за промовирање на здрав детски развој. Во одделните степени на развојот на детето се негуваат и поттикнуваат оние форми на однесување и изразување што се карактеристични за тој период, а се развиваат индивидуалните можности и се создаваат услови за неговиот натамошен развој.

Современите научни сознанија во делот на предучилишното воспитание и образование укажуваат на тоа да овој период на детскиот развој е најинтезивен и е период во кој се формираат основните квалитети на личноста, од кои зависи натамошниот развој на идната личност. Во овој период детето се социјализира, трансформира, афирмира, се развива и усовршува неговата моторика, се богати и култивира неговиот говор, се задоволуваат потребите на детето за игра и контакти со врсници и возрасни, се развиваат изразните и творечки потенцијали, се создаваат хигиенски, културни, работни навики и др.

Од неодамна, почнуваќи од мај 2023 згрижувањето и воспитанието на децата во детската градинка се остварува во две хетерогени групи, вклучувајќи деца од 2-6 годишна возраст.